fbpx

Економски мерки за

справување со последиците од КОВИД-19
Во ситуација на здравствена и финансиска криза Владата на Република Северна Македонија препозна нова можност за креирање нова и посилна македонска економија, можност за структурни промени и раст. Во време кое налагаше итна реакција, Владата на Република Северна Македонија со соодветни мерки се справува со негативните ефекти од корона кризата.

ШЕСТИ ПАКЕТ ЕКОНОМСКИ МЕРКИ ЗА ПОДДРШКА НА СТОПАНСТВОТО

Шестиот пакет антикризни економски мерки вреден 17,8 милиони евра е наменет за поддршка на дејностите кои беа целосно затворени со цел превенирање на ширењето на коронавирусот во текот на месец април 2021, како и за подобрување на ликвидноста на компаниите кои инвестираат во текот на 2021 година. Шестиот пакет на мерки, опфаќа седум мерки со кои се таргетирани најпогодените сектори од корона кризата, пришто ќе се поддржат 10.000 компании, кои вработуваат околу 60.000 граѓани.

ПЕТТИ ПАКЕТ ЕКОНОМСКИ МЕРКИ ЗА СТАБИЛНА И РАЗВОЈНА ЕКОНОМИЈА

Петтиот пакет економски мерки наменет за граѓаните и за компаниите, за стабилна и развојна македонска економија и за подобрување на ликвидноста на стопанството. Петтиот пакет содржи вкупно 29 мерки, во вредност од 9,7 милијарди денари или околу 160 милиони евра.

ЧЕТВРТ ПАКЕТ ЕКОНОМСКИ МЕРКИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КОВИД-19

Успешната стратегија за спречување на колапсот на здравствениот систем и на економијата и социјалната сигурност, создаде услови и за четвртиот пакет економски мерки. Четвртиот пакет има за цел да обезбеди одржливост на домашните економски дејности и на работните места, да закрепне одредени дејности, да обезбеди стабилност на социјалните трансфери и да обезбеди политики кои ќе помогнат спроведување на брза излезна стратегија кога кризата ќе заврши за да продолжиме со позитивните трендови на новата развојна македонска економија.

Затоа, поддршката за граѓаните и стопанството продолжува и никој нема да биде изоставен. Ги имаме предвид сите дејности и компании.

Нашето внимание е целосно насочено кон поддршка за работните места, кон невработените лица, социјално ранливите категории како што се пензионерите и граѓаните од други категории, самохрани родители итн.

Четвртиот пакет мерки е директна помош за економската и социјалната сигурност на нашите сограѓани, како и за поттик на приватната потрошувачка како стимулатор на општествениот раст.

ТРЕТИОТ ПАКЕТ МЕРКИ Е НАМЕНЕТ:

  • За граѓаните: невработените лица, социјално ранливите категории, младите (средношколци, студенти и млади до 29 години), домаќинствата со ниски примања, медицинските лица;
  • За стопанството – економијата: погодените сектори од кризата, домашните компании (производствени, прехранбени и други капацитети), извозните компании, услужната дејност, земјоделството и туризмот.

ГЛАВНИ ПРИДОБИВКИ ОД ТРЕТИОТ ПАКЕТ МЕРКИ ПОДРАЗБИРААТ:

  • Поттикнување на приватната потрошувачка на граѓаните, со што се создаваат услови за подобар живот;
  • Заштита на постојните и креирање нови работни места, особено во секторите во кои ќе се имплементира дигитализацијата.
  • Зголемена конкурентност на нашите компании на домашно, регионално и глобално ниво;
  • Интервентно активирање на домашниот туризам;
  • Промоција на нови земјоделски култури и поддршка на земјоделците за уште поголем обем и квалитет на домашно производство
  • Развој на економските дејности со воведување ИТ и онлајн активности и алатки;
  • Стимулирање и зголемување на безготовинските и онлајн плаќања, како инструмент за сузбивање на сива економија.

ПРВИТЕ ДВА ПАКЕТА ЕКОНОМСКИ МЕРКИ го амортизираа првиот удар од економската криза предизвикана од коронавирусот. Главните карактеристики на овие пакет мерки беа нивната навременост, нивната сеопфатност и нивното прецизно димензионирање.

Република Северна Македонија е социјална држава и солидарно општество, во кои секој граѓанин треба, и добива поддршка. Во таа смисла, третиот пакет економски мерки ќе овозможи заживување на македонската економија преку директна поддршка на граѓаните и на  стопанството. Овој пакет мерки за нова, развојна македонска економија ќе ја зголеми потрошувачката и ќе ја стимулира заштита, промоцијата и растот на домашната економска понуда.

 

Вкупната вредност на првиот и вториот пакет економски мерки изнесува 200-250 милиони евра или 2% од БДП.

Вкупната вредност на третиот пакет економски мерки изнесува 355 милиона евра и сe опфатени 730.000 корисници.

ВКУПНАТА ВРЕДНОСТ НА ЧЕТВРТИОТ ПАКЕТ МЕРКИ ИЗНЕСУВА 478 МИЛИОНА ЕВРА НАСОЧЕНИ КОН ГРАЃАНИТЕ И СТОПАНСТВОТО ЗА СТАБИЛНА ЕКОНОМИЈА.

Влогот во новата развојна македонска економија, сите четири пакети мерки, изнесуваат една милијарда и 20 милиони евра.

ВКУПНАТА ВРЕДНОСТ НА ПЕТТИОТ ПАКЕТ МЕРКИ ИЗНЕСУВА 160 МИЛИОНИ ЕВРА наменет за граѓаните и за реалниот сектор, за стабилна и развојна македонска економија.

ВКУПНАТА ВРЕДНОСТ НА ШЕСТИОТ ПАКЕТ МЕРКИ ИЗНЕСУВА 17,8 МИЛИОНИ ЕВРА НАМЕНЕТ ЗА 10.000 ФИРМИ И 60.000 ВРАБОТЕНИ, за поддршка на стопанството.

1

ПАРИЧНА ПОДДРШКА ЗА ГРАЃАНИТЕ –
за поголема потрошувачка и за развој на домашните економски дејности

Платежни картички за граѓаните

Платежни картички за граѓаните за поголема потрошувачка и за развој на домашните економски дејности.

Овој пат платежни картички со износ од 6.000 денари ќе ги добијат 5.726 самохрани родители, пензионерите со пензии до 15.000 денари, односно 182.271 наши сограѓани пензионери, невработените кои се пасивни баратели на работа, односно 85.108 граѓани, самостојните уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници чија бројка е 520 корисници.

Платежни картички „Купувам домашно“ ќе добијат уште 540 студенти, кои во претходниот пакет не ги добија овие картички, а за што навремено и со право реагираа претставниците на студентите.

Плус поддршка за ученички и студентски стандард од 44 милиони денари за 2020 година добиваат 884 студенти и 347 ученици.

Секако, ќе ги помагаме и оние граѓани кои се над 64 години, а немаат пензија, ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари, или воопшто немаат приходи.

Со тоа, оваа мерка опфаќа на 283.000 наши граѓани, а нејзината вредност изнесува 27,6 милиони евра.

Ваучер за домашен туризам „Дома си е дома“ од 6.000 денари и домашна платежна картичка „Купувам домашно“ од 3.000 денари за купување на македонски производи и услуги

Со оваа мерка се опфатени сите вработени граѓани кои во периодот од јануари до април 2020 година не оствариле вкупни нето приходи од плата и надоместоци од плата не поголеми од 60.000 денари според податоците од Управата за јавни приходи.

Граѓаните ќе можат да се одморат и да летуваат дома, а со тоа ќе го зајакнеме домашниот туризам.

Ваучерот може да се користи во домашните хотели и други сместувачки капацитети, додека со домашната платежна картичка поттикнуваме купување на домашни производи и услуги.

Со оваа мерка се опфатени околу 115 илјади граѓани – вредноста е 16 милиони евра.

Парична поддршка за млади од 6.000 денари и платежна домашна картичка „Купувам домашно“ од 3.000 денари за купување на македонски производи и услуги

Мерката опфаќа ваучери од најмногу 6.000 денари за покривање на партиципација во Универзитет како и сместување во студентски, ученички домови и регистрирани сместувачки капацитети за студенти и средношколци, од семејства со ниски примања. Мерката вклучува и платежна картичка „Купувам домашно“ за млади, во вредност од 3.000 денари за купување домашни производи и услуги. 

Силна поддршка за младите, за да продолжи образовниот процес непречено и за да се обезбеди куповната моќ, како придонес кон студентскиот и средношколскиот стандард.

Со оваа мерка се опфатени околу 100.000 млади – вредноста е 9 милиони евра.

Ваучери до 30.000 денари за кофинансирање на обуки, тренинзи и курсеви за ИТ и дигитални вештини за млади од 16 до 29 години

Преку покривање на трошоците за тренинзи и обуки, ги подржуваме младите да стекнат знаења и ИТ вештини, со максимален износ до 30.000 денари кои ќе им овозможат брзо вработување во новата развојна економија. 

Оваа мерка ќе опфати од 7.000 – 10.000 млади од 16 до 29 години, во вредност од 3 милиони евра.

Викенд без ДДВ

Оваа мерка предвидува да опфати повеќе од  350.000 граѓани,  корисници на апликацијата „МојДДВ“, кои за време на продолжениот викенд на 10-11-12 октомври ќе можат да купат домашни производи и услуги или компјутери и друга ИТ опрема во вредност од најмногу 30.000 денари, во рок од неколку дена ќе го добијат назад на своите сметки целиот ДДВ.

Со ова мерка се проектира да се направи промет од 170 милиони евра, пари кои ќе бидат инекција за стопанството, а кон граѓаните ќе бидат вратени околу 17 милиони евра, од повратот на ДДВ.

Благодарност за најизложените здравствени работници

Награда од 40% на основната плата за докторите и медицинскиот персонал на инфективните клиники и одделенија, клиниката за инфективни болести, институтот за јавно здравје и центрите за јавно здравје, како сите членови на тимовите од итна медицинска помош.

2

ДИРЕКТНА ПОДДРШКА НА МАКЕДОНСКОТО СТОПАНСТВО –
за иновативност и развој, за зачувување на постојните и за нови работни места

Бескаматни кредити за фирми преку Развојната Банка на Северна Македонија, во вредност од 31 милион евра - поддршка за жените, младите и дигитализацијата во бизнисот

Оваа бескаматна кредитна линија во вредност од 31 милиони евра ќе биде достапна за сите микро и мали компании, а истата ќе понуди и 30% грант (неповратни средства) за оние компании кои се водени или основани од жени или вработуваат млади лица, се извозно ориентирани или воведуваат иновација и дигитализација во нивното работење.

Државна гаранција за комерцијални кредити и за обезбедување на царинскиот долг

Државна кредитна гаранција

Со оваа мерка државата става на располагање 10 милиони евра финансиски средства за поддршка  на компаниите за полесен пристап до евтини финансиски средства, преку преземање на дел од кредитниот ризик. Со државната гаранција од 10 милиони евра на стопанството ќе му бидат на располагање кредити со вредност од 65 милиони евра.

Државна царинска гаранција

Оваа мерка има за цел да им обезбеди поголем извоз на компаниите и полесен пристап до суровини.

Со 3 милиони државна гаранција за обезбедување на царинскиот долг го поддржуваме извозот и увозот и го олеснуваме пристапот на суровини за преработка на македонските компании во износ од околу 25 милиони евра, преку Развојната банка на Северна Македонија.

Нови 25 милиони евра за приватниот сектор - за нови пазари, конкурентност и модернизација

Согласно законот за финансиска поддршка со 25 милиони евра преку програмата за зајакнување на конкурентноста на индустријата им помагаме на компаниите за освојување на нови пазари, зголемување на нивната конкурентност како и модернизација на процесите. 

Дигитална платформа за нови пазари за текстилните и чевларските компании

Со финансиска поддршка од 1 милион евра ќе им помогнеме на овие индустрии да креираат платформа на која ќе може да ги пласираат своите производи на нови пазари. 

Поддршка за развој на домашни старт-ап продукти и услуги преку ФИТР

Нови 1,6 милиони евра за развој на иновативни продукти и услуги преку ФИТР, како и трансформирање на македонско туристичко село во скопско Нерези во македонско СТАРТ АП село. Директно го стимулираме отворањето нови сопствени бизниси.

Инструмент за технолошки развој за брзо прилагодување

Преку овој инструмент ќе се обезбеди развојна поддршка на домашните комапнии со track record потенцијал за успешно работење преку финансиска поддршка за брзо прилагодување. 

Вкупниот фонд изнесува 3.3 милиони евра, наменети за микро, мали и средни компании. 

Кофинансирање на настани и конференции со 50% финансиска поддршка од државата, најмногу до 30.000 денари

Мерка за поддршка на домашниот туризам, како еден од најпогодените  дејности од коронакризата. Ова е програма со која ќе се субвенционираат настани организирани во категоризирани угостителски објекти во државата.

Мерката предвидува покривање на 50% од трошоците, но не повеќе од 30.000 денари по апликант за организирање на обуки, семинари, конференции во домашни туристички капацитети од страна на сите, здруженија, компании како и институции.

Категоризирани угостителски објекти се сите сместувачки објекти кои имаат Решение за категоризација. 

Програмата е со вредност од 245 илјади евра.

Поддршка за исплата на плати

Поддршка за исплата на плати, која продолжува да важи и за последниот квартал од годината, односно и за месеците октомври, ноември и декември.

Новост во оваа мерка е што поддршката ќе биде одредена скалесто согласно падот на приходите кај компаниите. Колку е поголем падот на приходите во компаниите опфатени со оваа мерка, толку поголема ќе биде поддршката од државата за исплата на платите и таа ќе се движи од досегашните 14.500 до 21.776 денари. Обезбедуваме повеќе пари за поддршка на вработените, за стабилност на работните места.

Со новата методологија за државна помош за исплата на платите ќе бидат поддржани 250.000 плати за работни места на нашите сограѓани, на месечно ниво.

Вредноста на оваа мерка изнесува 70 милиони евра за да се оствари правото на неа, компаниите што ќе аплицираат мора да го задржат бројот на вработени заклучно со 31 јули 2020 година.

Оваа мерка важи и за самостојните вршители на дејности, односно трговците поединци, лицата што вршат земјоделска дејност, занаетчиска дејност и лица што вршат други услуги.

Бескаматни кредитни линии КОВИД 1 и КОВИД 2 од Развојна банка на РСМ

Кредитната линија КОВИД 1 во вредност од 4,7 милиони евра е наменета за дејностите најмногу погодени од кризата, дејности кои беа оневозможени да работат поради заштитните мерки, тоа се : туризмот, угостителството и транспортот.

Кредитна линија КОВИД 2 за фирмите од сите дејности од 8 милиони евра. Минималниот износ на кредит е 3.000 евра, додека максималниот износ е 90.000 евра. Каматата е нула. Трошоците за аплицирање кон Развојната банка не се плаќаат. Рокот на отплата е до 3 години со вклучен грејс период до 12 месеци, додека обезбедувањето е со меница.

Педесет милиони евра евтини кредити од Развојната банка на РСМ пласирани преку комерцијалните банки за заштита на ликвидноста на компаниите

Кредитна линија која обезбедува свеж капитал за поддршка на нови проекти, нови вработувања, зголемена ликвидност на стопанството и зголемен извоз.

Развојната банка на РСМ ја пласира оваа кредитна линија во износ од околу 50 милиони евра, со ниска каматна стапка од околу 1.5%, согласно доставени барања од страна на деловните банки и преку деловните банки до крајните корисници, малите и средните претпријатија.

Золемувањето на грејс периодот кај бескаматните кредити од КОВИД-1

Со оваа мерка, преку Развојната банка на Република Северна Македонија, на постоечките корисници на кредитни линии од оваа банка, ќе им бидат обезбедени дополнителни 3 месеци грејс период пред да започнат со исплата на ануитетите од земените кредити.

Нови 100 милиони евра поволни кредити од Развојната банка на Република Северна Македонија.

Овие поволни кредити од Развојната банка на Република Северна Македонија се обезбедени преку Европската инвестициона банка и ќе бидат пласирани во јануари 2021, преку деловните банки за поддршка на домашните компании, со исклучително ниска камата.

Поврат на туристичката такса за 2019 година

Поврат на туристичката такса за 2019 година за поддршка на секторот туризам, како еден од најпогодените од кризата.

На 4.740 субјекти кои организирале ноќевања во 2019 година, ќе им бидат вратени 2 милиони евра, колку што изнесува вкупниот износ на туристичката такса инкасирана во таа година.

Грантови за туристички агенции од 3.000 до 7.000 евра

Корисници на оваа мерка ќе бидат 500 туристички агенции, а нејзината вкупна вредност изнесува 1,9 милиони евра за грантови од 3.000 до 7.000 евра за сите туристички агенции во зависност од бројот на вработени и од вкупниот промет во 2019 година, и во зависност од тоа дали се носители на А или Б лиценца.

Грантови за ресторани за свадби

Грантови за ресторани за свадби – поддршка ќе добијат сите регистрирани и лиценцирани субјекти за оваа дејност, во вкупна вредност од 1 милион евра.

Грантовите одделно се во висина од 3.000 до 10.000 евра, во зависност од остварениот промет во 2019 година.

Овде ја отвораме опцијата за регистрација на таквата дејност затоа што еден дел од овие дејности се регистрирани за организирање свадби, а еден само за достава на храна.

Продолжување на лиценците за работа на дискотеките, ноќните клубови како и за компаниите од транспортната заедница

Согласно регистрацијата за работа, на околу 120 дискотеки и  ноќни клубови, како и на околу 7000 транспортери, ќе им се продолжи лиценцата за работа и во 2021 со 0 денари надомест, со тоа што транспортерите ќе добијат ослободување плус уште за една година во зависност од тоа кога им истекува лиценцата што ја добиле.

Грантови за игротеки за деца

За околу 1.000 игротеки ќе се обезбедат грантови во висина од 1.000 до 5.000 евра во зависност од остварениот промет во 2019 година, а целата вредност на оваа мерка изнесува 2,5 милиони евра.

Дополнително одложување на отплата на кредити за компании, до крајот на годината.
Бришење на условот за собирање поени од Континуирано професионално усовршување (КПУ) за продолжување на лиценца за сметководители

Корисници на оваа мерка се 9.360 регистрирани сметководители, за кои во 2020 година нема да важи условот за собирање поени од Континуирано професионално усовршување за продолжување на лиценцата сметководителите.

Субвенции за приватни установи за деца-детски градинки

Приватните установи за деца – детски градинки со субвенции од 1.500 денари по згрижено дете, за период од 6 месеци, за вкупно 1.216 деца во 17 градинки, со што тие добиваат ист третман како јавните детски градинки во државата;

Прочитај повеќе на следниот линк.

Грантови за едукативни центри за деца

Грантови за едукативни центри за деца исто како и за игротеките, (по број на вработени, со по две бруто плати до 21.776 денари)

Прочитај повеќе на следниот линк.

Грантови за центри за странски јазици

Грантови за центри за странски јазици исто како и за игротеките со по две бруто минимални плати од 21.776 денари

Прочитај повеќе на следниот линк.

Финансиска помош за ноќни клубови

Финансиска помош за ноќни клубови врз основа на прикажан вкупен бруто промет од 2019 година за вкупно 24 субјекти и во вкупна висина на средствата од 7.380.000 денари

Прочитај повеќе на следниот линк.

Финансиска помош на МЖ Транспорт

Финансиска помош на МЖ Транспорт во висина од 110.000.000 денари, и за ЈП Државни патишта пат во висина од 180.000.000 денари;

Прочитај повеќе на следниот линк.

Финансиска помош за 58 лиценцирани превозници

Финансиска поддршка од по 14.500 денари по вработен за два месеци за ефективни работни часови за 58 лиценцирани превозници со лиценци за 376 автобуски линии;

Прочитај повеќе на следниот линк.

Финансиска помош за исплата на плати за ГТЦ АД Скопје

Со овој дополнителен пакет за поддршка за справување со последиците од КОВИД-19, финансиска помош за исплата на плати за ГТЦ АД Скопје во наредните два месеци за полесно пребродување на корона ризата за 260 вработени, од кои 219 се во редовен работен однос, и 41 со договор за привремено вработување во вкупна висина од 8.926.545,00 денари;

Прочитај повеќе на следниот линк.

Финансиска поддшка за АД Водостопанство

Со овој дополнителен пакет за поддршка за справување со последиците од КОВИД-19, финансиска помош за исплата на плати за ГТЦ АД Скопје во наредните два месеци за полесно пребродување на корона ризата за 260 вработени, од кои 219 се во редовен работен однос, и 41 со договор за привремено вработување во вкупна висина од 8.926.545,00 денари;

Прочитај повеќе на следниот линк.

Финансиска помош за превозници - МАКЕКСПРЕС ПРЕВОЗ ДОО Скопје

Финансиска помош за вкупно 53 фирми кои вршат превоз во Скопје и во кои се вработени 100 лица претставени преку МАКЕКСПРЕС ПРЕВОЗ ДОО Скопје за исплата на еднократна финансиска помош од 14.500 денари по вработен, за два месеца, во вкупен износ од 2.900.000 денари

Прочитај повеќе на следниот линк.

Финансиска помош за превозници - ДППУ Слобода превоз Скопје

Финансиска помош за вкупно 83 фирми во кои се вработени 181 лица претставени преку ДППУ Слобода превоз Скопје, за исплата на еднократна финансиска помош од 14.500 денари по вработен, за два месеца во вкупен 5.249.000 денари

Прочитај повеќе на следниот линк.

Финансиска поддршка на плати за вработените

Прочитај повеќе на следниот линк.

Кредити со 0% камати за најпогодените сектори (туризам, занаетчиство, угостителство, транспорт, индустрија за организација на настани, приватни здравствени установи и други) преку Развојна Банка

Прочитај повеќе на следниот линк.

Финансиска поддршка за радиодифузерите

Прочитај повеќе на следниот линк.

Ослободување од надоместокот за МУКС за радиодифузери во 2021

Прочитај повеќе на следниот линк.

Финансиска поддршка за регистрираните занаетчии

Прочитај повеќе на следниот линк.

Финансиска поддршка за меѓународни транспортери за исплата на плати за март и април

Прочитај повеќе на следниот линк.

Од 3.000 до 10.000 евра за околу 200 регистрирани компании кои вршат транспорт на патници и имале повеќе од 50% пад на приходите

Прочитај повеќе на следниот линк.

Кредитна гарантна шема во период април - октомври 2021 преку Развојна Банка

Прочитај повеќе на следниот линк.

Продолжување на грејс периодот за плаќање обврски за корисници на кредити од кредитната линија „Ковид 2“ кај Развојна Банка

Прочитај повеќе на следниот линк.

Поддршка на настани од јавен интерес за компании кои организираат настани, продуцентски куќи, национални и локални телевизии и радија

Прочитај повеќе на следниот линк.

Финансиска поддршка за хотели коишто функционираат надвор од туристичките центри, кои не користеле ваучери

Прочитај повеќе на следниот линк.

Фонд за поддршка на извозни компании преку Развојна банка

Прочитај повеќе на следниот линк.

Поддршка за спортските клубови 33% од сумата ја добиваат според ваучерскиот систем да се исплати од Буџетот на почеток на годината

Прочитај повеќе на следниот линк.

Укинување царински стапки за 71 продукти и суровини до крајот на 2021

Прочитај повеќе на следниот линк.

Укинување и намалување царински стапки за 31 суровина и за месо за извозни компании до крајот на 2021

Прочитај повеќе на следниот линк.

Поддршка за извозни компании Ревидирање на Царинскиот тарифник и усогласување со правилата на ЕУ пазарот и пазарите на членките на СТО

Прочитај повеќе на следниот линк.

Олеснителни услови за 245 компании кои имаат активни договори и нови кои ќе инвестираат според Законот за финансиска поддршка на инвестиции

Прочитај повеќе на следниот линк.

Ко-финансирана помош за микро, мали и средни претпријатија и за приватни здравствени установи за технолошки развој за забрзан економски раст во КОВИД-19 период преку ФИТР

Прочитај повеќе на следниот линк.

Користење средства од неискористени блок дотации за општините за капитални инвестиции

Прочитај повеќе на следниот линк.

Финансиска поддршка за 38 здравствени работници изоставени со третиот пакет мерки

Прочитај повеќе на следниот линк.

Ослободување од договорни обврски (плаќање пенали) за договори потпишани со ЕЛС на компании погодени од кризата

Прочитај повеќе на следниот линк.

Финансиска поддршка за Роми претприемачи преку креирање „Мечинг фонд за претприемништво за Роми“

Прочитај повеќе на следниот линк.

Дигитална трансформација на бизнисите за побрза пост-ковид ревитализација за микро и мали претпријатија

Прочитај повеќе на следниот линк.

Финансиска поддршка за 6.000 угостители со околу 17.000 вработени

Со 9,9 милиони евра ќе бидат поддржани околу 6.000 угостители кои вработуваат 17.000 луѓе.

На сите угостителите ќе им бидат покриени 30% од приходите, износ кој ќе се пресметува како просек од просечниот месечен приход во 2019 и 2020 година, на кој ќе се аплицираат деновите во кои овие дејности беа затворени. 

Дополнително, сите регистрирани угостителски објекти ќе добијат 15.200 денари финансиска поддршка по вработен, заклучно со 06.04.2021 година.

Прочитај повеќе на следниот линк.

Финансиска поддршка за приватни детски одморалишта, ноќни клубови, игротеки, ресторани за свадби, евент индустрија, фитнес центри, фотографи и фотографски студија

Во Шестиот пакет мерки предвидени се 2,5 милиони евра со кои ќе се поддржат категоризирани – ресторани за свадби, евент индустријата, игротеките, ноќните клубови, приватните детски одморалишта, фитнес центри, фотографи и фотографски студија. 

Во овие категории спаѓаат околу 1.200 компании, на кои ќе им бидат покриени 30% од приходите, износ кој ќе се пресметува како просек од просечниот месечен приход во 2019 година, а дополнително ќе добијат поддршка од 15.200 денари по вработен, заклучно со 31.12.2020 година.

Прочитај повеќе на следниот линк.

Финансиска поддршка за ликвидноста на компаниите

Од исклучителна важност е поттикнување на ликвидноста на стопанството. Околу 2 милиони евра од Шестиот пакет мерки се наменети за поддршка компаниите кои ја реинвестирале добивката од 2020 година. Мерката која ќе се реализира преку Развојната Банка, ќе им помогне на компаниите да ја зголемат ликвидноста, да ги реализираат своите инвестициски планови и да продолжат со својот развој, преку субвенционирање на каматни стапки.

Прочитај повеќе на следниот линк.

Бескаматна кредитна линија за медиумите кои емитуваат радио и телевизиска програма

Шестиот пакет мерки обезбедува кредитна линија за финансиска поддршка на деловните субјекти од областа на емитување на радио и телевизиски програми со цел намалување на последиците од корона вирусот КОВИД-19, преку посебна кредитна линија во износ од 61,5 милиони денари или 1 милион евра со 0% каматна стапка која ќе се пласира преку Развојната банка.

Прочитај повеќе на следниот линк.

3

ПОДДРШКА ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ –
нови приходи од плодната македонска земја

Поддршка на аграрниот сектор од 5 милиони евра преку Развојната банка на Република Северна Македонија

Со 5 милиони евра поволни кредити преку Развојната Банка на РСМ ги поддржуваме микро, малите и средни претпријатија кои вршат примарно производство, преработувачите и извозот на примарни и преработени земјоделски производи.  

Платежна картичка за субвенционирање на 50% од зелената нафта за земјоделците

По ланското субвенционирање од 30%, со оваа мерка го зголемуваме субвенционирањето на потрошувачката на зелена нафта на 50%.

Оваа мерка ќе опфати 50.000 земјоделци, а вредноста е 4.6 милиони евра.

Стимулирање на преработувачите на грозје за производство на нови продукти

Преку оваа мерка ги стимулираме преработувачите на грозје и винариите да произведуваат алкохолен дестилат кој ќе се користи од страна на домашните хемиски компании за производство на средства за дезинфекција. Во следните три години, нашата финансиска поддршка ќе изнесува 3,5 милиони евра. 

Овозможуваме јавни приватни партнерства во лозарството и тутунскиот сектор

Преку модернизирање и ставање во функција на капацитети во производство на преработки од тутун и грозје со цел понатамошно уште посилно развивање на лозарството и тутунскиот сектор, како земјоделски гранки кои се повеќе и повеќе извозуваат.

Оваа стратешка определба ќе донесе голем бенефит, првенствено за македонските лозари и тутунари, но и за самата држава и бруто домашниот производ. На краток рок, очекувањата за инвестициите треба да достигнат 10 милиони евра. 

Окрупнување на земјоделско земјиште за поголема конкурентност на македонското земјоделство

Оваа мерка овозможува ставање во функција на целокупното земјоделско земјиште како и охрабрување на домашното земјоделско производство, но и нови инвестиции во овој сектор. Од оваа мерка очекуваме приходи од 250 милиони евра во следните три години и зголемена конкурентност на македонското земјоделство.   Со овој модел, земјоделците и стопанствениците ќе имаат поголема сигурност и предвидливост во производството, како и можност да бидат кредитоспособни за да влезат во нови инвестиции и да можат да конкурираат за мерките од Националните и европските програми. 

Долгорочен закуп на пасишта

Преку оваа мерка овозможуваме издавање на пасиштата на долгорочен закуп со што сточарите ќе имаат на располагање околу 500.000 хектари пасишта за напасување на добитокот. 

Програма за финансирање на микро земјоделски компании

Со 3 милиони евра ќе овозможиме финансирање на Старт ап семејни винарии и фарми на кои ќе им бидат достапни грантови до 10.000 евра за опрема за преработка но и за маркетинг на растителни, млечни и месни производи. 

Модернизација на земјоделство

Со оваа мерка преку кредит на Светска банка од 50 милиони евра ќе овозможиме модернизација на македонското земјоделството со цел зголемување на конкурентноста и профитабилноста. Дел од оваа сума ќе се искористи за изградба на откупно дистрибутивни центри во Скопје, Струмица и Ресен. 

Поддршка на откуп на грозје од реколта за 2020 година

Поддршка на откуп на грозје од реколта за 2020 година, за која се предвидени 6.700.000 евра, ќе се поддржат производители на винско грозје кои го предале своето грозје кај регистрирани винарски визби, како и винарски визби за транспортните трошоци при извоз.

Секој извозник ќе добие субвенција според количината извезено вино, која ќе се исплаќа скалесто во зависност од количината на извезено вино.

Финансиска поддршка на преработувачи и извозници на грозје

Прочитај повеќе на следниот линк.

Финансиска поддршка за тутунарите

Прочитај повеќе на следниот линк.

4

Директна помош за лицата без работа, за спортистите, за уметниците и туристичките водичи

Паричен надоместок за сите лица кои останале без работа од 11 март до 30 април 2020

Државата води грижа за сите и никој нема да биде запоставен. Нема да дозволиме некој да остане без приход, помагаме за сите подеднакво, во духот на солидарноста. Во ова сме сите заедно, така и ќе победиме. Да покажеме солидарност на дело.

Со оваа мерка сите лица кои останале без работа од 11 март до 30 април 2020 ќе добијат паричен надоместок за два месеци, вклучувајќи ги и оние кои го прекинале својот работен однос преку писмена изјава, спогодбено но и добиле отказ од работодавачот.

Директна помош од 14.500 денари за месеците април и мај, средства наменети за спортисти и спортски работници

14.500 денари помош од АМС за месеците април и мај ќе добијат сите клубови кои имаат регистрирано минимум 15 млади спортисти до 18 години во индивидуалните спортови, односно имаат регистрирано минимум 50 млади спортисти до 18 години во екипните спортови. Аплицирањето е завршено на 15ти април.

Помош за уметниците

За 141 самостоен уметник ќе биде обезбедена минимална плата за месеците април и мај, како и придонеси преку Министерството за култура.

Грижа за луѓето од неформалната економија

Релаксирање на критериумите и начинот за користење на правото за минимална помош и брз влез во системот на социјална заштита.

Оваа мерка се остварува како домаќинство а не како поединец.

Гарантираната минимална помош од април до декември ќе се утврдува врз основа на вкупната просечна висина на сите приходи на сите членови на домаќинството по сите основи сметано само од последниот месец (наместо за три месеци, како што беше претходно).

Корисниците на социјална заштита ќе добиваат дополнителна исплата на енергетски додаток во износ од 1.000 денари плус, од април до септември 2020. Тоа се околу 30.000 корисници кои ќе добијат дополнителен енергетски додаток.

Исплатата на образовниот додаток продолжува, во износ од 700 денари по дете во основно образование и 1.000 денари по дете во средно образование.

Паричен надоместок за луѓето кои останале без работа поради коронавирусот

Висината на месечниот паричен надоместок за време на невработеност се утврдува врз основа на пресметаните и исплатени плати кај работодавачот и изнесува 50% од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци за лице кое има право на паричен надоместок до 12 месеци.

Паричниот надоместок не може да изнесува повеќе од 80% од просечната месечна нето плата по работник во РСМ објавена за последниот месец. 

Поддршка со плати за туристичките водичи

На 150 регистрирани туристички водичи за месеците октомври, ноември и декември, ќе им биде исплатена минимална бруто плата во висина 21.776 денари, во вредност до 160.000 евра

Финансиска поддршка за естрадните уметници

Естрадните уметници (околу 731), со финансиска помош во износ на 2 бруто минимални плати (21.776 денари)

Прочитај повеќе на следниот линк.

Грантови за Асоцијацијата на танцови здруженија

40 здруженија од Асоцијацијата на танцови здруженија со грантови од по 2.000 евра за секое здружение

Прочитај повеќе на следниот линк.

Финансиска поддршка за дизајнерски ателјеа

Финансиска помош за 12 дизајнерски ателјеата за организирање свадби кои се забранети во овој период со еднократен износ од 90.000 денари;

Прочитај повеќе на следниот линк.

Субвенции за младински организации

Субвенционирање на плати на вработени во 48 младински организации и организации за млади од 21.776 денари месечно, за 2 месеци и за хонорарно ангажираните лица во овие организации;

Прочитај повеќе на следниот линк.

Финансиска помош за самостојни уметници, филмски работници, уметници и културни работници

Скалеста исплата на финансиска помош на: самостојни уметници, филмски работници, уметници и културни работници, од 14.500, 18.000 или 21.500 денари во зависност од примањата за период од 3 месеци, за вкупно 462 корисници за што се предвидени вкупно 24.948.000 денари за чија исплата ќе биде објавен повик од Министерството за култура;

Прочитај повеќе на следниот линк.

Финансиска поддршка за категоризираните туристички агенции

Со Шестиот пакет мерки категоризираните туристички агенции ќе бидат поддржани со 1,4 милиони евра. 

Притоа туристичките агенции со А лиценца ќе добијат до 5.000 евра, а туристичките агенции со Б лиценца ќе добијат до 2.000 евра.

Прочитај повеќе на следниот линк.

Финансиска поддршка за сите музичари и туристички водичи

Финансиска поддршка од 30.750 денари ќе добијат и сите музичари, членови на здруженијата на музичари како и лиценцираните туристички водичи, кои во текот на 2020 година имале просечен месечен нето приход под 15.000 денари.

Прочитај повеќе на следниот линк.

Бесплатни ПЦР тестови за странските туристи кои престојувале во државата

Во очекување на претстојната туристичка сезона и како дополнителна поддршка и помош за домашната туристичка а со тоа и угостителска дејност, со Шестиот пакет мерки ќе се овозможат бесплатни 50.000 ПЦР тестови за странските туристи кои престојувале во државата.

Прочитај повеќе на следниот линк.

5

Даночни олеснувања и одложување на долгови

Ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход и на износот на аконтациите на данокот на добивка за март, април и мај 2020 година

Ослободувањето од аконтациите од данок на добивка за фирмите од индустриите погодени од корона кризата за април, мај и јуни ќе ја помогнат ликвидноста на компаниите.

Во вакво време чесно е државата да се откаже од претплаќање на дел од данокот од погодените компании.

Мерката важи за април, мај и јуни 2020 година.

Замрзнување, пролонгирање или репрограмирање на кредитите на граѓаните и фирмите погодени од коронакризата

Граѓаните или физичките лица можеа да го одложат плаќањето на ратите од кредитите на 3 до 6 месеци.  Исто така се зголеми и рокот за еден кредит да стане нефункционален од 90 дена на 150 дена.

За компаниите олеснувањата можат да бидат:

  • Замрзнување или грејс период за отплата на кредитите
  • Пролонгирање на исплатата на подолг период (место 180 на 250 месеци)
  • Пониска каматна стапка
  • Одобрување на нов поповолен кредит за рефинансирање на постоечкиот

Сите мерки кои се однесуваат на кредити имаат важност до 30 септември 2020

Одложено плаќање на закуп за корисниците на социјални станови

Плаќањето на закуп на социјалните станови ќе се одложи за сите корисници, а исто така ќе се одложи плаќањето закуп и за граѓаните и фирмите кои имаат закуп на деловен простор од Претпријатието за станбен и деловен простор.

Се запира законот за извршување до крајот на јуни

Се суспендира односно запира законот за извршување до крајот на јуни. Извршителите ќе бидат должни да запрат со преземање на било какви извршни дејствија. Ова нема да важи само во случаи кога веќе парите се легнати на сметка на извршителите и тие ќе можат да ги префрлат парите на доверителите и во случаи кога се работи за алиментација за дете кон самохрани родители.

Намалување и/или укинување на парафискалните давачки

Многу бргу, повторно во соработка со стопанските комори, ќе следува утврдување на листа од приоритетни парафискални давачки, како што се надоместоци, такси, дозволи, лиценци, плаќања за издвојување средства по разни основи и нивно тековно намалување и/или укинување на некои од нив.

Поддршка за занаетчиите

Со неа се предвидува намалување на ДДВ-то на нивните услуги и производи од 18% на 5% за да ја зајакнеме нивната конкурентност на пазарот.

Напоменувам дека на самостојните вршители на дејности, односно на занаетчиите, им остануваат на располагање и другите мерки, како оние за поддршка за исплата на платите или пристапот до поволните кредити од Развојната банка на Северна Македонија.

Намалување на казнената камата за јавни давачки за половина од 0,03% на 0,015% до крајот на годината
Одложување на плаќање на аконтација на данокот на добивка

Заради тоа ја вклучивме и во овој сет мерки и таа предвидува одложување на плаќањето на аконтациите на данокот на добивка до март 2021 година за компании кои имаат пад на приходи поголем од 40%.

Ослободување од ДДВ за донации од јавен карактер, за уште 12 месеци
Намалување на стапката за ДДВ за ресторански услуги и служење на храна и пијалаци

Намалување на стапката за ДДВ за ресторански услуги и служење на храна и пијалаци, со која овие услуги ќе се даночат со нова повластена стапка на ДДВ од 10% наместо сегашната редовна стапка од 18%.

Целта на оваа мерка е намалување на сивата економија, пониски цени за граѓаните, како и поголема ликвидност на услужниот сектор за храна и пијалаци.

За оваа мерка се потребни законски измени и таа ќе започне со имплементација од 1 јануари наредната година.

Одложено плаќање на ДДВ-то

 

Со оваа мерка ќе биде дозволено одложено плаќање на ДДВ, седум дена по поднесување на ДДВ пријавата, без камата.  

Зголемување на периодот за покривање на загуби на терет на идни добивки

 Со оваа мерка ќе се укине обврската од Законот за данокот на добивка за покривање на загубите на терет на идни добивки. Воедно, со предложените измени, ќе се продолжи рокот за пренесување на загуби на терет до пет години, наместо сегашното законско решение кое утврдува пренесување на загубата до три години.

Оваа мерка стартува оваа година и важи за 2020 и 2021 година.

Зголемување на прагот со кој субјектите би биле дел од режимот на неоданочување со данок на добивка и зголемување на прагот со кој субјектите би влегле во режимот на вкупен приход

Со оваа мерка се предвидува прагот да биде поставен на 5 милиони денари на годишно ниво, согласно кој може да се стане даночен обврзник во режимот на неоданочување.

Исто така, мерката предвидува да се зголеми прагот со кој компаниите би биле дел од режимот на вкупен приход, односно правните лица кои имаат вкупен приход помеѓу 5.000.001 денар и 10 милиони денари, да може да одберат дали да плаќаат  данок на добивка или да преминат во режим на данок на вкупен приход од 1%.

Со оваа мерка ќе се ослободат околу 1,15 милиони евра кои компаниите можат да ги пренаменат за инвестиции или за други развојни бизнис планови.

Признавање на трошокот за приватно здравствено осигурување како признаен расход
Признавање на расходите за тестирање од КОВИД–19, исто така како признаен расход
Намалување на увозни давачки за суровини и репроматеријали

Намалување на увозни давачки за суровини и репроматеријали, се обезбедува поддршка за најпогодените преработувачки индустрии, како и поттик за развој на преработувачките капацитети.

Со оваа мерка, покрај сите автономни мерки за суровини утврдени на 24 декември 2019, се вклучува  и намалувањето на увозните давачки за природен гас со конечна цел не само економски, туку и еколошки ефект.

Поддршка за развој на човечкиот капитал

Во овој пакет е предвидено ослободување од данок на добивка и данок на личен доход за трошоци за вработени кои се однесуваат на доквалификација и тим билдинг. 

Ќе се укине данокот на личен доход за трошоци кон вработени кои се однесуваат за обука, квалификации, добивање лиценци, со што ќе се овозможи подобрување на квалитетот на работната сила со која располагаат компаниите, но истовремено ќе се пропише и законски лимит за овие трошоци, на пример една просечна плата на годишно ниво.

Оваа мерка ќе започне да се имплементира од 1  јануари наредната година.

Ослободување во висина на 2/3 од законски пропишаниот износ за приредувачи на игри на среќа

Со оваа мерка приредувачите на игри на среќа, казината, ќе плаќаат 1/3 од надоместоците за AR (ауто-рулет) маси и други маси.

Промена на пресметка на основата за финансирање на Единиците на локалната самоуправа

Промена на пресметка на основата за финансирање на Единиците на локалната самоуправа, со која при издвојување на средства за единиците на локална самоуправа, наместо само за претходната година како до сега, во предвид ќе биде земена пресметката на просечна наплата на ДДВ за претходните три години.

Со ова го олеснуваме работењето на општините во време на КОВИД-19. 

Oслободување од плаќање аконтации на данок на личен доход за самостојни вршители на дејност до 30.6.2021 година

Прочитај повеќе на следниот линк.

Бришење камати од долгови на граѓаните кон јавни институции и претпријатија

Прочитај повеќе на следниот линк.

Зголемување на прагот на ослободување на оданочување со данок на добивка на Регресот за годишен одмор од 40% на 80%

Прочитај повеќе на следниот линк.

0800 00 207

Национален call центар за информации за економски и други мерки