Мерки на Министерството за економија

На оваа страница можете да ги прочитате клучните мерки преземени од страна на Министерството за економија за борба против КОВИД-19.

Постапки во случај на сомневање на зараза во угостителски објекти

Во сите објекти во хотелскиот и туристичкиот сектор, важно е да се спроведе и почитува генералните мерки за спречување на пренесување на инфекции.

  • Менаџерот во хотелот или друг вработен треба веднаш да контактира со одговорното лице епидемиолог и да пријави осомничен случај, како и да прими упатства за потребните процедури.
  • Ако постои сомневање, на лицето кое има симптоми треба да му се понуди хируршка маска и марамчиња.
  • Советувајте го персоналот на хотелот да не влегува во просторијата во која има осомничено лице со инфекција.
  • Доколку има потреба да се контактира гостинот, треба да се назначи само едно лице кое ќе комуницира со тој гостин.
  • Отстранете ги маските, ракавиците и сличната заштитна опрема веднаш по употребата и истата не треба повторно да се користи.

Работниците во угостителските објекти ТРЕБА да носат маски само ако имаат симптоми на инфекција на респираторините органи

Замрзнати цени на основни продукти

blank

Владата донесе одлука за замрзнување на цените на основните производи како што се леб, сол, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, но и лекови и дезинфекциски средства. Владата дополнително донесе и Одлука за замрзнување на цените на лимон, портокал, мандарина и грејпфрут и клементини.

Според Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки се определува највисока трговска маржа на овие производи за трговски друштва и трговец поединец која се применувала во периодот од 1 јануари 2020 година до 11 март 2020 година кога од страна на Светската здравствена организација (СЗО) беше прогласена пандемија на Коронавирусот COVID- 19.

Според Одлуката оваа маржа ќе важи до 30 април 2020 година.

Апелираме до сите граѓани кои во трговските објекти ќе увидат енормно зголемување на овие производи да пријават во Државниот пазарен инспекторат.

Казните за оние кои ќе ги прекршат Одлуките на Владата се движат до 5.000 евра, па и казна затвор согласно членовите 205 и 206 од Кривичниот законик.

Мерки на министерствата

Што преземаат министерствата во борбата со заболувањето КОВИД-19, предизвикано од новиот Коронавирус?

Кликнете на амблемите за да дознаете повеќе.

blank
blank
blank
blank
blank
blank
blank
blank
blank
blank