Мерки на Владата

Владата на Република Северна Македонија уште од првиот ден сериозно ја следи и мониторира состојбата со заразата од Коронавирусот и согласно препораките од Светската здравствена организација и мерки за заштита на сите граѓани на Републиката.

Протоколи за олеснување

Задолженија за граѓани

M

Секој граѓанин мора да носи лична заштитна опрема на лицето при излегување надвор од својот дом, односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори каде се собираат повеќе лица.

Забрани за правни субјекти

M

Во објектите во кои се врши трговија на мало може да пазарува најмногу по едно лице на површина од секои 20 метри квадратни, а во објектите со површина помала од 20 метри квадратни може да пазарува само едно лице. Секој трговец е должен да обезбеди заштитна опрема (маски и ракавици) за вработените лица во објектот, а вработените лица се должни заштитната опрема да ја носат постојано во текот на работното време.

M

Банките и штедилниците се должни да постават соодветни ознаки со кои се обележува правецот на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на корисниците пред и внатре во објектот на растојание од најмалку два метра и тоа пред секој шалтер на кој корисниците пристапуваат за вршење финансиски услуги, како и во дијаметар од 10 метри пред влезот на објектот.

M

Да се ослободат од работа лицата со попреченост кои одат со
придружба.

M

Да се прекинат сите воншколски или дополнителни програми, како курсеви за странски јазици и слично.

Забрани за правни субјекти

M

Да се затворат сите спортски објекти или вежбални, каде што може да се одржуваат секаков вид на собири и настани.

M

Да се прекине со работата на библиотеките, студентските и ученичките домови, а вработените лица во овие институции да бидат ослободени од работа.

M

Банките и штедилниците се должни да обезбедат редарска служба при влезот во и при излезот од објектот, за да се запази минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот, да обезбеди спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот и да не дозволи влез во објектот на лица кои не носат заштитна маска, марама или шал со кои ќе бидат покриени устата и носот.

M

Да се прекине воспитно-образовниот процес и наставата во сите детски градинки, основни и средни училишта, високо-образовни установи и во јавните научни институти.

Економски мерки кои Владата ги презема

Владата донесе пакет економски мерки за справување со кризата за да се сочуваат колку што може повеќе работните места на граѓаните и да му се помогне на стопанството.

Економски мерки за погодените компании: Бескаматни кредити од 3.000 до 30.000 евра, субвенционирани придонеси за вработените, намалена каматна стапка за кредити, основање на фонд за поддршка на туризмот.

милиони евра за поволни кредитни линии за компании

%

намалена казнена камата за јавни давачки

N

Субвенционирани придонеси за вработени

N

Намалување на законски затезната камата

N

Ослободување од месечните аконтации од данок на добивка

N

Референтната каматна стапка намалена на 1,75%.

Мерки на министерствата

Што преземаат министерствата во борбата со заболувањето КОВИД-19, предизвикано од новиот Коронавирус?

Кликнете на амблемите за да дознаете повеќе.

blank
blank
blank
blank
blank
blank
blank
blank
blank
blank

Мерки и заклучоци од седници на Владата

Препорачани мерки за лична заштитна според институции

Препорачана лична заштитна опрема (ЛЗО) за време на епидемија на COVID-19, според тип на установи, персонал и вид на активност