На 14 март 2020 година, со Одлука, Владата на Република Северна Македонија формира Главен координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација на органите на државната управа, на правните лица основани од државата, како и на единиците на локалната самоуправа, во врска со спречување, внесување и ширење на Коронавирусот COVID-19 (Главен координативен кризен штаб).
Главниот координативен кризен штаб ги врши следните задачи:
- изготвување заклучоци, мерки и препораки за органите на државната управа, за правните лица основани од државата, како и за единиците на локалната самоуправа и координирање на извршувањето и спроведувањето на нивните законски утврдени надлежности врз основа на доставени извештаи, записници и предлози од овие институции, во врска со спречување, внесување и ширење на Коронавирусот COVID-19;
- предлагање заклучоци, мерки, активности и препораки до органите на државната управа, до правните лица основани од државата, како и до единиците на локалната самоуправа;
- следење на динамиката на реализација и имплеметација на заклучоците, мерките и препораките донесени од Владата на Република Северна Македонија
- давање насоки на органите на државната управа, на правните лица основани од државата, како и на единиците на локалната самоуправа, во функција на координирање, организирање, имплементирање и операционализирање на заклучоците, мерките, активностите и препораките на Владата на Република Северна Македонија и
- врши други задачи добиени од Владата на Република Северна Македонија во врска со спречување, внесување и ширење на Коронавирус COVID-19.
Со работата на Главниот координативен кризен штаб раководи претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, како раководител на Главниот координативен кризен штаб. Во негово отсуство со истиот раководи првиот заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.
Административно техничките работи за потребите на Главниот координативен кризен штаб ги врши Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија.
Членови на Главниот координативен кризен штаб се:
- Зоран Заев, Претседател на Владата на Република Северна Македонија
- Артан Груби, прв заменик на Претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците
- Фатмир Битиќи, заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања
- Никола Димитров, заменик на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања
- Радмила Шекеринска, министерка за одбрана
- Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи
- Венко Филипче, министер за здравство
- Крешник Бектеши, министер за економија
- Мила Царовска, министерот за образование и наука
- Бујар Османи, министер за надворешни работи
- Фатмир Бесими, министер за финансии
- Благој Бочварски, министер за транспорт и врски
- Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи
- Беким Максути, директор на Дирекцијата за заштита и спасување