Протокол за тренинг на спортисти во поединечни спортови

Користење на заштитна опрема, маски од страна на сите вработени на уплатно-исплатните места. Одржување на физичко растојание од 2 метри помеѓу присутните играчи во просторијата.  Влез со маски за сите играчи.  На шалтер присутен по еден играч со растојание од 2 метри со играчот кој следен чека за уплата.  На масите поставени на уплатно-исплатните места […]

Протокол за тренинг на спортисти во поединечни спортови

  1. Користење на заштитна опрема, маски од страна на сите вработени на уплатно-исплатните места.
  2. Одржување на физичко растојание од 2 метри помеѓу присутните играчи во просторијата. 
  3. Влез со маски за сите играчи. 
  4. На шалтер присутен по еден играч со растојание од 2 метри со играчот кој следен чека за уплата. 
  5. На масите поставени на уплатно-исплатните места има само по две столчиња. 
  6. За играње на ВЛТ апарати се применува една од следниве мерки: – Поставени ВЛТ апаратите на растојание од 2 метри, – Играње на ВЛТ апарати преку еден апарат, – Поставување на стаклени, пластични или платнени бариери (паравани) помеѓу ВЛТ апаратите доколку не може да се обезбеди растојание од 2 метри. 
  7. Средства за дезинфекција поставени на влезовите од обложувалниците. 
  8. Задолжителна дезинфекција на апаратите после секој играч. 
  9. Шанковите во рамките на уплатните места имаат можност за послужување на пијалаци само на местата каде е дозволено седење. При консумирање на пијалакот не е задолжително носење на заштитна опрема. 
  10. На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05°/о натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини. 
  11. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.