Протокол за организација на работни состаноци, обуки, курсеви и семинари

Времетраењето се ограничува на најмногу 6 часа, со задолжителна пауза на секои 2 часа Пред почеток на средбата, учесниците задолжително да се известат дека доколку имаат респираторни симптоми (температура, кашлица, отежнато дишење) им се препорачува да не присуствуваат Се ограничува бројот на учесници согласно просторот со цел да се обезбеди задолжително физичко растојание на учесниците […]

Протокол за организација на работни состаноци, обуки, курсеви и семинари

  1. Времетраењето се ограничува на најмногу 6 часа, со задолжителна пауза на секои 2 часа
  2. Пред почеток на средбата, учесниците задолжително да се известат дека доколку имаат респираторни симптоми (температура, кашлица, отежнато дишење) им се препорачува да не присуствуваат
  3. Се ограничува бројот на учесници согласно просторот со цел да се обезбеди задолжително физичко растојание на учесниците од 1,5-2м, но не повеќе од 30 лица
  4. Организаторите, предавачите и учесниците задолжително да носат заштитни маски
  5. Во просторијата задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете
  6. Да се почитуваат општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце или употреба на дезинфекционо средство за раце на база на алкохол)
  7. Просторијата почесто да се проветрува, по можност за време на часовите и задолжително во текот на паузите
  8. За време на паузите се забранува групирање на присутните
  9. По завршување на настанот, просторијата да се исчисти и да се дезинфицира подот со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција за горни површини
  10. Во просторијата да се обезбеди корпа за отпадоци со капак