Протокол за одржување на седници на органи на управување и конференции

ВТОРА ФАЗА Бројот на учесници не е ограничен, но потребно е задолжително да се обезбеди физичко растојание на учесниците од 1,5-2,0м2.  Учесниците задолжително да носат заштитни маски во текот на целиот настан.  Во просторијата задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете  Да се почитуваат општите мерки за повисоко ниво на лична и општа […]

Протокол за одржување на седници на органи на управување и конференции

ВТОРА ФАЗА

  1. Бројот на учесници не е ограничен, но потребно е задолжително да се обезбеди физичко растојание на учесниците од 1,5-2,0м2. 
  2. Учесниците задолжително да носат заштитни маски во текот на целиот настан. 
  3. Во просторијата задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете 
  4. Да се почитуваат општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце или употреба на дезинфекционо сретство за раце на база на алкохол и одржување на респираторна хигиена) 
  5. Просторијата почесто да се проветрува, пожелно за време на часовите и задолжително во текот на паузите. 
  6. За време на паузите да се забрани групирање на присутните на не повеќе од 5 лица со задолжително одржување на физичко растојание. 
  7. По завршување на настанот просторијата да се исчисти и да се дезинфицира подот со средство кое делува на вируси според упатството од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини. 
  8. Во просторијата да се обезбеди корпа за отпадоци со капак    

ТРЕТА ФАЗА

  1. Бројот на учесници не е ограничен, но потребно е задолжително да се обезбеди физичко растојание на учесниците од 1,5-2,0м 
  2. Да се почитуваат општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце или употреба на дезинфекционо средство за раце на ба- за на алкохол и одржување на респираторна хигиена) 
  3. Во просторијата задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете достапно на неколку места 
  4. Просторијата почесто да се проветрува, задолжително во текот на паузите. 
  5. За време на паузите да се забрани групирање на присутните на повеќе од 5 лица со задолжително одржување на физичко растојание. 
  6. По завршување на настанот просторијата да се исчисти и да се дезинфицира подот со средство кое делува на вируси според упатството од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хи- похлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини. 
  7. Во просторијата да се обезбеди корпа за отпадоци со капак