Официјални информации за коронавирус во Северна Македонија
Побарај помош
| Нови случаи | Заболени | Излечени | Активни | Починати | Тестови | Ден | Вкупно тестови |
|---|---|---|---|---|---|---|---|
| 25 | 1817 | 1301 | 412 | 104 | 286 | 18.05 | 21,722 |
Последни вести
Денеска се потврдени 25 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани 1817, оздравени се 8 пациенти – починаа 3 лица
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 8 оздравени пациенти во: Скопје-7 и Прилеп-1. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка од Куманово (60г), хоспитализирана на клиниката од 27...
Досега со скринигот во градинките опфатен 581 вработен – само еден позитивен случај на ковид-19, во Битола тестирани сите 322 вработени
Министерството за здравство информира дека во изминатото деноноќие направени се 184 тестирања во рамките на скрингот во градинките и сите се негативни. Од нив, 112 се направени преку лабораторијата на Институтот за јавно здравје, а опфатени се 106 лица од Битола и 6...
Спасовски: Третиот пакет економски мерки е за нова развојна македонска економија, за директна поддршка на граѓаните и на стопанството, за поттикнување на приватната и јавната потрошувачка на основите на солидарноста и социјалната сигурност
https://youtu.be/J1zqE-E-agw Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски на прес-конференција ги образложи мерките од третиот пакет за економска поддршка на граѓаните и стопанството на земјата кој денеска беше усвоен на седница на...
Економски мерки
Владата донесе пакет економски мерки за справување со кризата.
Целта е да се сочуваат колку што може повеќе работните места на граѓаните и да му се помогне на стопанството!
Државата спасува работни места, 14.500 ден. месечно по вработен за април и мај, во фирми погодени од кризата
Се запира Законот за извршување до крајот на јуни
Паричен надоместок за граѓаните што останале без работа поради кризата, во висина од 50% од просечната плата на работникот
Се забранува отворање на стечајна постапка
50 милиони евра евтини кредити од Развојната банка за заштита на ликвидноста на компаниите
Парична помош за спортисти и уметници

Последни статистики за коронавирусот

Главен координативен кризен штаб

Комисија за заразни болести

Мерки на Владата за заштита од КОВИД-19
Чувствувате симптоми?
Јавете се веднаш кај вашиот матичен лекар или во најблискиот центар за јавно здравје.
0800 002 03
Национален call центар за информирање

Дознај повеќе
КОВИД-19 е заболување предизвикано од SARS-CoV-2 вирусот
Вирусот е причинител на акутно вирусно респираторно заболување. Преносот од човек на човек е можен, преку допир и преку капков пат (кивање, кашлање и слично).
Првичните искуства покажуваат дека постарите лица и хронично болните се изложени на поголем ризик од компликации и тешки форми на заболувањето. Периодот на инкубација на вирусот е најмногу 14 дена, во кој заразените лица не покажуваат симптоми, но можат да го пренесат вирусот на други лица.
