Официјални информации за коронавирус во Северна Македонија
Побарај помош
Последни вести
Регистрирани се 590 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 336.041 – Оздравени се 583 пациенти – Пријавени се 2 починати лица
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.593 тестови, а регистрирани се нови 590 случаи на КОВИД-19: Скопје – 261, Битола – 34, Кавадарци – 31, Охрид – 27, Тетово – 23,...
Во последните 72 часа регистрирани се 889 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 335.451 – Оздравени се 1.228 пациенти – Пријавени се 10 починати лица
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 12.08 до 14.08.2022): Направени се 2.095 тестови, а регистрирани се 889 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 390, Битола – 75, Прилеп – 43, Кавадарци –...
Во последните 24 часа регистрирани се 619 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 334.562 – Оздравени се 803 пациенти – Пријавени се 4 починати лица
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.253 тестови, а регистрирани се нови 619 случаи на КОВИД-19: Скопје – 265, Битола – 41, Охрид – 32, Куманово – 31, Велес и Струмица – по...
Економски мерки
Владата континуирано со економски мерки го поддржува реалниот сектор за справување со кризата.
Целта е да се сочуваат колку што може повеќе работните места на граѓаните и да му се помогне на стопанството!
Државата спасува работни места. До крајот на годината, за фирми погодени од кризата е обезбедена плата во износ од 14.500 денари до 21.776 денари месечно по вработен.
Поддршка со плата за 150 туристички водичи до крајот на годината.
3 милиони евра државна царинска гаранција за поддршка на извозот и олеснување на пристапот на суровини за преработка на македонските компании.
Намалување на ДДВ од 18% на 5% за занаетчиите почнувајќи од 01.01.2021 година.
Намалување или укинување на парафискалните давачки.
Дополнително одложување на отплата на кредити за компании до крајот на годината.
Одложување на плаќање на аконтација на данок на добивка до март 2021 година за компании кои имаат пад на приходот над 40%.
Нови 100 милиони евра поволни кредити од Развојната банка за заштита на ликвидноста на компаниите.
Грантови до 7000 евра за 500 туристички агенции и враќање на туристичката такса за 2019 година на 4.740 хотелиерски субјекти во вредност од 2 милиони евра.
Продолжување на лиценците за работа на 120 ноќни клубови и 7.000 транспортери во 2021 година без надоместок.

Последни статистики за коронавирусот

Главен координативен кризен штаб

Комисија за заразни болести

Мерки на Владата за заштита од КОВИД-19
Чувствувате симптоми?
Јавете се веднаш кај вашиот матичен лекар или во најблискиот центар за јавно здравје.
0800 002 03
Национален call центар за информирање

Дознај повеќе
КОВИД-19 е заболување предизвикано од SARS-CoV-2 вирусот
Вирусот е причинител на акутно вирусно респираторно заболување. Преносот од човек на човек е можен, преку допир и преку капков пат (кивање, кашлање и слично).
Првичните искуства покажуваат дека постарите лица и хронично болните се изложени на поголем ризик од компликации и тешки форми на заболувањето. Периодот на инкубација на вирусот е најмногу 14 дена, во кој заразените лица не покажуваат симптоми, но можат да го пренесат вирусот на други лица.